Советот на Општина Делчево ќе ја одржи 10. редовна седница на 27 мај

Советот на Општина Делчево на 27 мај (среда) со почеток од 11:00 часот во Мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ ќе ја одржи 10. редовна седница.

На дневниот ред пред советниците ќе се најдат повеќе значајни точки, меѓу кои и предлог-одлука за измена на Статутот на Општина Делчево, одлуки поврзани со престанок на работа на Музејот на град Делчево – Пијанец, како и назначување ликвидатор и промена на назив на установата.

Советот ќе расправа и за прифаќање донација, извештајот за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на подрачјето на општината, како и за формирање Просторни сили за заштита и спасување.

На седницата ќе се разгледуваат и предлог-одлуки за финансиска поддршка за издавање монографија за Разловечкото востание, одобрување спонзорство и финансиска поддршка за организацијата на манифестацијата „Црешијада“.

Пред советниците ќе биде и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на Општина Делчево за периодот од 1 јануари до 31 март 2026 година, како и измените на Годишниот план за вработување за 2026 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*