Македонска Каменица: Стаменкова на завршна приредба на идните првачиња во градинката „Бамби“

Македонска Каменица, 5 јуни 2026 – Со пригодна завршна приредба исполнета со песна, игра и детска радост, децата од ЈОУДГ „Бамби“ од Македонска Каменица го одбележаа завршувањето на предучилишното образование и почетокот на новото поглавје како идни првачиња.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Сонја Стаменкова, која им честиташе на децата за нивниот труд и успех, посакувајќи им многу среќа и успех во понатамошното образование.

– Преку внимателно подготвена програма, дечињата покажаа дел од знаењата и вештините стекнати во градинката, а нивниот настап беше проследен со многу емоции и аплаузи од присутните родители и гости – истакна Стаменкова.

Таа упати благодарност и до воспитувачите и вработените во градинката за нивната посветеност во воспитувањето и образованието на најмладите.

Од Општина Македонска Каменица нагласија дека инвестициите во раниот детски развој и поддршката на образовните институции остануваат меѓу приоритетите на локалната самоуправа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*