Претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски заедно со колеги од регионот учествуваше на работен состанок на претседателите на советите на единиците на локалната самоуправа, организиран во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.
На средбата беа разменети искуства и добри практики од работата на општинските совети, при што посебен акцент беше ставен на подготовката за тековните процеси на децентрализација и на зајакнувањето на улогата на советите во локалното управување.
Како претставник на Општина Делчево, Стојменовски ги презентираше искуствата и практиките од работата на локалниот совет, нагласувајќи ја важноста на конструктивната соработка помеѓу локалната власт, општинската администрација и граѓаните во насока на создавање подобри услови за развој на општината.
Беше истакнато дека ваквите работни состаноци овозможуваат размена на знаења и искуства, придонесуваат за унапредување на работата на општинските совети и ја зајакнуваат транспарентноста и ефикасноста на локалната самоуправа.

Leave a Reply