Македонска Каменица e домаќин на вториот меѓународен фолклорен фестивал „Каменица пее и игра“. Фестивалот се одржува на Градскиот плоштад, а го организира Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“.
-Настанот има за цел да ја промовира македонската традиционална култура преку настапи на фолклорни ансамбли од земјата и странство. Во рамки на програмата, предвидени се парадно дефиле низ градските улици, настапи со изворни песни и ора, изложба на традиционални носии, како и културна размена меѓу учесниците, информираа организаторите.
Во рамки на настанот се одржува и манифестацијата Денови на Каменичкиот мед
Од Општина Македонска Каменица информираат дека фестивалот претставува уште една потврда за заложбата на локалната заедница за негување и промоција на македонското културно наследство.

Leave a Reply