Во Пехчево вчера (23.09.2026) се одржа спортскиот настан „Запознај ги нашите шампиони“, организиран од Општина Пехчево во соработка со ФК „Напредок“ – Пехчево, со цел најмладите да се запознаат со работата и активностите на фудбалскиот клуб.
Во рамки на отворениот ден, децата имаа можност да се дружат, да учествуваат во фудбалски активности и поблиску да го запознаат спортот, со акцент на значењето на физичката активност и здравиот начин на живот.
Од Општина Пехчево информираат дека преку вакви активности се настојува да се поттикне спортскиот дух кај младите, нивното активно учество во спортот и создавањето нови спортски генерации.
Настанот беше реализиран со поддршка на Министерството за спорт и во рамки на иницијативата #BeActive.
Како и за останатите настани организирани од Општина Пехчево, и за овој настан беа обезбедени поддршка и присуство на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност – Берово, како и медицински лица од ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Иван Георгиев“ – Пехчево.

Leave a Reply