Филип Димитровски е избран за претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Делчево

Еве ја неговата изјава по повод назначувањето на оваа функција:

Почитувани браќа и сестри,

Со одлука на Извршниот комитет на Унијата на млади сили, ми е укажана голема чест и доверба да бидам избран за претседател на УМС при ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Искрено им благодарам на членовите на Извршниот комитет на УМС, како и на претседателот Тодор Коневски, за укажаната доверба. За мене ова претставува голема чест, но и обврска што ќе ја извршувам чесно, одговорно и со целосна посветеност.

Воедно, сакам да го уверам претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Иван Гоцевски, дека ќе работиме заедно, со одлична соработка, единство и силна посветеност во интерес на младите и на нашата организација.

Верувам дека со заедничка работа, енергија и меѓусебна поддршка ќе продолжиме да градиме силна Унија на млади сили и успешно да ги реализираме нашите цели.

Благодарам на довербата!, се вели во објавата на Димитровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*