Берово, 25 септември 2026 – Со пригодна свечена програма денеска во Берово беше одбележан патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“, во присуство на ученици, наставници, вработени и претставници на локалната самоуправа.
Во рамките на одбележувањето беа презентирани ученички творештва, а присутните се потсетија на ликот и делото на патронот на училиштето, како дел од традицијата и вредностите што ги негува оваа образовна институција.
По повод празникот, пред бистата на патронот во училишниот двор беше положено цвеќе, со што беше оддадена почит кон неговиот лик и дело.
Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, упати честитка до учениците, наставниците и вработените во училиштето, посакувајќи им нови знаења, успеси и достигнувања.
„Честит патрон празник!“, порача Ружински









Leave a Reply