Класични автомобили ќе ги привлечат погледите викендот во Берово и Пехчево

Берово и Пехчево в сабота, на 17 октомври, ќе бидат во знакот на класичните автомобили, со настани што ќе ги соберат љубителите на олдтајмерите и автомобилската историја.

Во Берово ќе се одржи петтото јубилејно издание на „Classic Car Tour ’26 – SPA, Wine & Mountain“. На градскиот плоштад, со почеток во 12 часот, ќе бидат изложени ретро и класични автомобили, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во музичка програма.

Програмата продолжува и во Пехчево, кое ќе биде домаќин на „ВМ Класик Рели – Источно рели со олдтајмери“, трет натпревар во рамките на првенството во рели со историски возила. На градскиот плоштад во Пехчево, во 15 часот, се очекува завршувањето на третата етапа од релито, по што ќе биде организирана изложба на класични возила.

Настаните претставуваат можност за љубителите на автомобилската историја одблизу да разгледаат возила од различни генерации и да се запознаат со културата на олдтајмерите.

Организаторите ги покануваат граѓаните и посетителите да ги проследат настаните и да уживаат во автомобилските класици на градските плоштади во Берово и Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*