На конференцијата „Мост на знаење: разновидност, дијалог и иновации во современите библиотеки“ учествуваат библиотечни установи од повеќе земји, а Костадинова презентираше стручен труд за инклузивноста во библиотечните услуги.
Во организација на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово, вчера и денес се одржува меѓународната конференција на тема „Мост на знаење: разновидност, дијалог и иновации во современите библиотеки“, на која учествуваат претставници на библиотеки од Македонија, Косово, Бугарија, САД и други земји.
Меѓу учесниците е и Габриела Костадинова, библиотекарка во Општинската установа матична библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево, која учествуваше со стручен труд на тема „Разновидност за инклузивност во библиотечните услуги“.
Учеството на конференцијата претставува можност за размена на стручни искуства и идеи за современото работење на библиотеките, унапредување на библиотечните услуги и создавање пристапни и инклузивни простори за сите корисници.
Меѓународните стручни средби од ваков вид придонесуваат за поврзување на библиотеките, споделување добри практики и развивање нови пристапи во приближувањето на знаењето и културата до граѓаните.

Leave a Reply