Во Делчево се одржа концерт на триото „Ин Медиас Рес“

Дeлчево, 16 октомври 2026 – Во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, а со поддршка на Министерството за култура и туризам, во Делчево се одржа концерт на музичкото трио „Ин Медиас Рес“.

Директорот на Центарот за култура, Златко Начовски, истакна дека ваквите настани му нудат на градот поинаков и квалитетен уметнички содржински израз.

-Центарот за култура вечерва го реализираше проектот поддржан од Министерството за култура и туризам од триото ‘Ин Медиас Рес’. Им благодарам на нашите вечерашни гости Орце, Јанинка и Сања Шуплеска кои ни овозможија да видиме нешто поразлично – нешто што не можеме често да го видиме во нашиот град. Центарот за култура и во иднина ќе продолжи да организира вакви настани со врвни изведувачи кои не се секојдневие во Делчево – истакна Начовски.

Во Делчево се одржа концерт на триото „Ин Медиас Рес“

Изведувачите од триото „Ин Медиас Рес“ го изразија своето задоволство од топлиот прием на публиката во Делчево, напоменувајќи дека ова е ретка можност за нив да настапат на отворен простор во овој регион.

-Во Делчево можеби за првпат настапуваме на ваков начин, односно на отворен простор, по долго време уште од настапите со Филхармонија. Изведовме композиции од различен жанр, а наша следна дестинација е настапот во Истанбул со слична програма, во Културниот центар на Македонија – изјавија Сања Шуплеска во име од триото.

Настанот помина во одлична атмосфера, а присутните имаа можност да уживаат во разновидна музичка програма и изведби од различен жанр.

Од НУ Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево искористија можност и да ги поканат сограѓаните на следниот културен настан што ќе се одржи за неколку дена, на 20 октомври, во пресрет на државниот празник 23 Октомври.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*