Работилница за ментално здравје со учениците од Пехчево

Преку интерактивни активности и дискусии, младите разговараа за емоциите, стресот, секојдневните предизвици и значењето на меѓусебната поддршка

Пехчево – Во соработка со младинската организација РРОМА, со учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ и ОУМБ „Кочо Рацин“ – Пехчево, беше реализирана еднодневна работилница во рамките на проектот YA-CSHI, посветена на темата ментално здравје.

Целта на локалната активност беше да се подигне свеста кај младите за значењето на грижата за менталното здравје и да се поттикне отворен разговор за емоциите, стресот и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието.

Во текот на работилницата, учениците имаа можност преку интерактивни активности и дискусии да разменат искуства, да ги препознаваат и изразуваат своите чувства, како и да научат различни начини за справување со емоционалните тешкотии.

Посебен акцент беше ставен и на важноста младите да побараат поддршка кога им е потребна, како и на создавањето безбедна и поддржувачка средина во која секој може слободно да разговара за своите чувства и предизвици.

Работилницата претставуваше можност учениците да стекнат нови знаења и вештини поврзани со менталното здравје, но и да ја согледаат важноста на меѓусебната поддршка, разбирањето и грижата за себе и за другите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*