Во малата сала на задужбината Коларац во Београд се одржа најпрестижниот фестивал за хумор и сатира на Балканот и во Европа САТИРА ФЕСТ.
Годинава фестивалот беше посветен на познатиот сатиричар Раде Јовановиќ. На фестивалот настапи и Миле Ѓорѓијоски, еден од најредовните учесници на фестивалот.
Ѓорѓијоски е и лауреат на фестивалот. Тој пред две години ја освои наградата ,,Весна Дечиќ” за серија афоризми.
Потоа во Вршац на телевизија ,,Лав” во едночасовна емисија беше претставено творештвото на Миле Ѓорѓијоски и Христина Деолска, со посебен акцент на заедничката книга поезија и афоризми ,,На иста адреса”.







Leave a Reply