На 20 ноември 2026 година, по иницијатива на актуелниот претседател на Советот на Општина Делчево, д-р Николчо Стојменовски, ќе се одржи историска работна средба и седница на сите претседатели на Советот кои ја извршуваа оваа одговорна функција од 1996 година до денес.
Ова значајно собирање на едно место на сите луѓе кои во различни времиња ја носеа одговорноста да ја претставуваат волјата на граѓаните, има за цел размена на искуства, предизвици и поуки од различните периоди на локалното самоуправување.
Низ отворен и конструктивен разговор за работата на Советот и можностите за негово понатамошно унапредување, ќе бидат истакнати клучни историски периоди и соработки во локалната власт.
Потсетување на дел од претседателите на Советот на Општина Делчево.
Владо Велиновски од 1996 до 2000
Вера Ѓорѓиевска од 2000 до 2005

Кирчо Ивановски од 2005 до 2009
Тони Трајановски од 2009 до 2011
Николче Трајановски од 2011 до 2013
Драган Христов од 2013 до 2017
Драган Маневски од 2017 до 2021
Гоце Попов од 2021 до 2025
др.Николчо Стојменовски од 2025 –
Преку ваквите средби како што се вели во објавата на д-р Стојменовски се негува институционалната меморија, меѓусебната почит и континуитетот во работењето на општината. Пораката од оваа средба е едноставна, но силна: Функциите се менуваат, времето поминува, но одговорноста кон Делчево и граѓаните останува вечна.


Leave a Reply