„Со Зоки Поки во светот на детската фантазија“ – креативен начин за запознавање со лектирното дело

Во просториите на ЈЛБ „Кочо Рацин“ – Пехчево денеска се одржа едукативно-забавен настан под мотото „Со Зоки Поки во светот на детската фантазија“, во кој учествуваа учениците од второ одделение, под менторство на наставничката Елизабета Таковска Вучковска.

Низ интересните активности учениците ги водеше библиотекарката Габриела Костадинова, која преку игра, смеа, дружење и многу детска фантазија ги поведе најмладите во чудесниот свет на Зоки Поки.

Настанот беше поделен во пет поглавја, при што секое од нив беше успешно реализирано од страна на учениците, кои со својата креативност и активност покажаа дека лектирните дела можат да се обработуваат и на поинаков, забавен и интерактивен начин.

„Кој вели дека лектирите мора да се обработуваат само со читање и раскажување“, истакна Костадинова.

Преку низа забавни активности и интерактивни предизвици, децата имаа можност подобро да се запознаат со лектирното дело „Зоки Поки“, притоа потврдувајќи дека учењето не мора да биде само обврска, туку може да претставува вистинска радост.

Со ваквите креативни средби библиотеката уште еднаш ја потврдува својата улога како место каде што книгата, знаењето, дружењето и детската фантазија се спојуваат во едно убаво искуство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*