Слаткаристика ќе ја забавува публиката на новогодишниот дочек во Македонска Каменица

Македонска Каменица ќе ја дочека Новата 2027 година на Градскиот плоштад со настап на Марко Маринковиќ – Слаткар, а Општината и КИЦ „Романса“ најавуваат богата празнична програма.

Познатиот македонски рапер и музичар Марко Маринковиќ – Слаткаристика ќе биде главната музичка ѕвезда на новогодишната прослава во Македонска Каменица.

Како што информира градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, дочекот на Новата 2027 година ќе се организира на Градскиот плоштад, каде што посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапот на еден од најпознатите македонски музички изведувачи.

По две децении успешна музичка кариера, бројни хитови и настапи пред илјадници посетители, Слаткаристика ќе биде дел од празничната атмосфера со која Македонска Каменица ќе ја испрати старата и ќе ја дочека новата година.

Новогодишната прослава ја организира Општина Македонска Каменица во соработка со Културно-информативниот центар „Романса“. Од Општината најавуваат богата празнична програма со повеќе настани наменети за сите генерации.

Деталите за комплетната програма ќе бидат објавени дополнително.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*