Трета МФЛ – Исток: Во недела од 13:30 часот, Брегалница Делчево го пречекува Огражден!

Викендов пред нас ни претстои ново возбудливо коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток (Регион 3). Во рамките на 10. коло, кое е закажано за в недела, 15 ноември 2026 година, со почеток во 13:30 часот, фудбалерите на Брегалница 1926 (Делчево) ќе играат на домашен терен.

Делчевскиот тим во овој меч влегува од 9. позиција на табелата со освоени 7 бодови, додека нивни противник ќе биде екипата на Огражден, која се наоѓа на 3. место со 16 бодови. Ова претставува одлична можност за Брегалница пред својата публика да бара нови бодови и подобрување на пласманот на табелата.

Распоред на натпревари за 10. коло (недела, 15.11.2026, во 13:30 часот):

  • Овче Поле – Слога 1934
  • Малеш – Карбинци
  • Саса – Хоризонт
  • Победа (В) – Дојранско Езеро
  • Брегалница 1926 – Огражден

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*