Ракометарките на РК „Делчево“ во недела ги очекува важен натпревар против екипата на ЖРК „Јехона“ од Гостивар, во рамки на првенственото натпреварување во Пионерската женска лига. Со евентуална победа, младите делчевки имаат можност да обезбедат место меѓу четирите најдобри екипи во Македонија во есенскиот дел од првенството.
Од клубот упатуваат повик до делчевската публика да ги поддржи младите ракометарки и да ги исполни трибините во спортската сала „М.М. Брицо“. Зад досегашните резултати на девојките стојат многу труд, тренинзи, дисциплина и посветеност, а поддршката од домашната публика може да биде дополнителен мотив во овој важен натпревар.
Натпреварот ќе се одигра во недела, 29 ноември, со почеток во 12 часот, во спортската сала „М.М. Брицо“ во Делчево.
Од клубот повикуваат на масовна посетеност и гласна поддршка за младите ракометарки, со заедничка порака: „Нека се слушне Делчево!“


Leave a Reply