Општина Македонска Каменица организира Буџетски форум за 2027 година, на кој граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со досегашната реализација на буџетот, проектите и активностите во текот на 2026 година, но и да дадат свои предлози и идеи за приоритетите во наредната година.
Форумот ќе се одржи на 30 ноември (понеделник), со почеток во 17 часот, во Домот на културата во Македонска Каменица.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати покана до граѓаните активно да се вклучат во процесот на креирање на општинскиот буџет, истакнувајќи дека развојните приоритети треба да произлезат од отворен дијалог и соработка со локалното население.
На средбата ќе бидат презентирани реализираните активности и финансиското работење во 2026 година, како и плановите и приоритетите за 2027 година. Граѓаните ќе можат да ги изнесат своите размислувања и да предложат проекти и активности за кои сметаат дека се важни за нивните улици, населби и села.
Според Стаменкова, учеството на граѓаните е значаен дел од процесот на планирање, бидејќи токму тие најдобро ги познаваат потребите и предизвиците во средината во која живеат.
Од Општината очекуваат преку ваквиот начин на комуникација да се утврдат заедничките приоритети и да се создаде буџет кој ќе одговори на потребите на граѓаните и развојот на Македонска Каменица.

Leave a Reply