Промоција на финансиски инструмент за поддршка на зелената транзиција на компаниите во Делчево

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, на 27 ноември во Делчево ќе го промовира првиот финансиски инструмент за поддршка на компаниите, кој се реализира во рамките на проектот „Greening Business Facility“, кофинансиран од Европската Унија.

Информативната сесија ќе се одржи со почеток во 10 часот во Спомен-домот АСНОМ, а е наменета за компаниите и претприемачите кои се заинтересирани за можностите за добивање финансиска поддршка за воведување и имплементација на меѓународни стандарди.

Поддршката се однесува на области како заштита на животната средина, енергетска ефикасност, циркуларна економија и одржливо работење.

На презентацијата компаниите ќе добијат подетални информации за условите и роковите за аплицирање, потребната документација, како и придобивките од воведувањето меѓународни стандарди во работењето.

Целта на настанот е да се зголеми информираноста на локалните компании за достапните можности за финансиска поддршка и да се поттикне нивното вклучување во процесите на зелена транзиција и унапредување на деловното работење.

Организаторите упатуваат покана до компаниите и претприемачите од Делчево и регионот да присуствуваат на информативната сесија и да се запознаат со можностите што ги нуди овој финансиски инструмент.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*