Кошаркарките на КК ,,Патриот” од Делчево забележа нова победа во М-14 откако со убедливи 79-19 ја совлада екипата на КК ,,Баскет Дино – Деликатес” од Кочани.
Делчевските кошаркарки имаат веќе 7/7 во ова натпреварување, а што ее однесува до самиот натпревар сите кошаркарки се запишаа во листата на стрелците. Со брза и динамична игра го скршија отпорот на противникот.
Кошаркарките на Патриот имаат скор 6/6 и во М-14 како и 4/4 во М-18 за што тренерот на екипаѕа Љупчо Петровски ги пофали своите кошаркарки.
,,Делчево станува центар на младинската кошарка, ако се има предвид 2023 шампиони во М-12, претходно 2022 шампиони во М-16. Браво девојки, изјави Петровски.
Честитки до девојчињата на кои им посакуваме шампионска игра и нови победи.


Leave a Reply