Промовиран прирачникот за машкото здравје„Фокусирај се на себе, за себе“ .
Целта е подигање на јавната свест за превенција и раното откривање на болестите и грижата за машкото здравје.Мажите да ги препознаат симптомите на овие заболувања кои може да го загрозат нивното здравје, да знаат каде да се обратат на што да попсветат внимание, како да го зачуваат своето здравје, бидејки тоа не е само машки проблем, туку и на целото семејство.

На промоцијата зборуваа Петра Лукаревска , претседателка на здружението „Филип Лукаревски“, д-р Влатко Кузмановски, спец. Уролог, д-р.Адријана Илиевска-Велковски, спец.ренгенолог, Дејан Глинџарски, психолог.
Промоцијата беше во организација на КЕМ на општина Делчево, ХДЗ„Бравура кооператива“, Здружението за унапредување на здравјето „Филип Лукаревски“ и со поддршка на ЈЛБ„Илинден“-Делчево и Организација ЖЕНА, традиционални партнери на КЕМ.

ЈЛБ„Илинден“ ги информира сите, дека прирачникот ќе биде достапен до сите наши членови и ќе можат да го изнајмат од библиотеката.
За крај учесниците порачаа и апелираа: Превентивните прегледи се најдобар лек за сите болести-одете на лекар.

Leave a Reply