Завршен настан,,Ајде да се дружиме” во Берово

Во Берово вечерва организиран музичкиот настан по повод крајот на учебната година насловен ,,Ајде да се дружиме”.

Пред преполниот плоштад  на летната сцена во Берово по повод завршувањето на учебната 2023/2024 година, градоначалникот на  Берово, Звонко Пекевски додели парична награда од 5.000 денари на сите ученици кои завршуваат основно и средно образование, а кои во текот на своето школување имаа континуирано одличен успех 5,00. 

Настанот го отворија децата од детската градинка ,,23 Август” , од групите пред поаѓање на училиште со весели  сценски настапи, а потоа Пекевски ги  поздрави присутните и упатив благодарност до единките кориснички на Општина Берово , Детската градинка ,,23 Август” , ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , ООУ ,,Никола Петров Русински” и ОСУ ,,Ацо Русковски”, со чија поддршка е организиран овој настан. 

-Честитки до сите ученици, за постигнатиот успех во текот на учебната 2023/2024 година, нагласувајќи дека целта на организација на овој настан, е да се вредни трудот на учениците кои завршуваат основно и средно образование, а кои во текот на своето школување успеале да постигнат врвни резултати, но и да се мотивираат сите ученици да постигнуваат поголеми успеси, рече Пекевски.

На настанот, од страна на Директорите на училиштата, на учениците им беа доделени пофалници. 

Главна атракција во рамки на настанот ,,Ајде да се дружиже беа главните актери од тинејџерската серија ,,TEEN CAMP”, под продукција на Цаци Пековска и настапот на  беровскиот DJ BONO.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*