Гимназијата Методи Митевски – Брицо од Делчево и оваа година ќе има свој претставник на Меѓународната Олимпијада по геонауки. Оваа година учичиштето и градот Делчево ќе го претставува ученичката Милена Ангелова.
-И посакуваме успех во подготовките и уште поуспешно претставување на олимпијадата. Ментор од училиштето е професорката по географија Анета Николова. Ментор на олимпијците е Проф.д-р Ивица Милевски и д-р Свемир Горан. Професори, кога најдобрите ви се во тимот успехот е неизбежен и препознаен од оние што ја знаат Вашата вредност. Среќно!, се вели во објавата на СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево.

Само најдобрите 4 ученици добија покана да учествуваат со физичко присуство на 17 Меѓународната светска олимпијада по Гео Науки (IESO 2024) во Пекинг- Република Кина од 08-16 август 2024год . Големите Чекори на Големите Ученици се гледаат на големите мегународни олимписки натпреварувања каде што желбата, трудот , континуитетот, знаењето, истрајноста се спојуваат на само 70 километри до светски познатиот Кинескиот ѕид. МИЛЕНА АНГЕЛОВА ја има одромната чест и задоволство да го претставува нашето Средно Општинско Училиште СОУ ,,М.М.Брицо,, од Делчево на престижното светsко натпреварување.
Вие сте нашата иднина горди претставници на нашата држава, рече професорот Ивица Милевски кој заедно со професорот Свемир Горин ќе го водат тимот на Меѓународната светска олимпијада по Гео Науки (IESO 2024) во Пекинг- Република Кина од 08-16 август 2024год . Oгромна благодарност до менторот Анета Николова проф. по Географија, ви посакуваме уште многу вакви успеси во иднина!!!, се вели во објавата по повод учеството на Олимпијадата на нашата ученичка.
Минатата година училиштето и градот Делчево го претставуваше Ева Ивановска која освои сребрен медал.
https://www.facebook.com/share/p/pmjQ1suj2gEBKfGB/?mibextid=oFDknk


Leave a Reply