Спроведено авионско третирање против комарци во Делчево

Во раните утрински часови се спроведе авионското третирање против комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањето се вршеше со еколошкиот препарат CICERON 2.ULV кој е широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови. Прскањето го вршеше лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово.

Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*