По состанокот кој на иницијатива на екс фудбалерот на Брегалница Делчево, Даниел Гоцевски и останати ентузијасти се одржа со дел од фудбалерите пред околу еден месец, а на кој просуствувавме и ние како веб портал, до раководството на Третата фудбалска лига на Македонија – Исток, чие седиште е во Кочани пристигна писмено барање од фудбалските клубови Брегалница од Делчево и Турново со молба да бидат вклучени во лигата во новото првенство.
Брегалница последниве две сезони не играше во лигата, а Турново четири години.
Според зборовите на претседателот на Третата лига-Исток, Александар Андов нивното барање сигурно ќе биде прифатено бидејќи и двете екипи ги исполнуваат сите услови за да играат во лигата.

Ова го потврди и ЕКИПА во чиј текст се упатува пофалба за убавите фудбалски терени на Брегалница Д и Турново кои се со обезбедена инфраструктура за одигрување на натпревари, двата клуба имаат и кадетски и млади категории на фудбалери.
За Брегалница како што се додава во текстот се напоменува и некогашното натпреварување во Првата лига на Македонија, екипа на која своевремено тренер во Делчево беше познатиот Кирил Дојчиноски.

Во Третата лига-Исток членуваат клубови од опшинските сојузи на Кочани, Струмица, Гевгелија, Штип и Валандово. Познати се клубовите кои од есен ќе играат во лигата. Тоа се староседелците: Тиверија /Струмица/, Ударник /Пирава/, Дојранско Езеро, Малеш /Берово/, Слога /Виница/, Рудар /Пробиштип/, Овче Поле /Свети Николе/, Светлост /Зрновце/, Карбинци, сигурно и Брегалница /Делчево/ и Турново.

Имаше најава дека повторно ќе игра и Победа од Валандово, но ништо од тоа, градот како да не е заинтересиран за фудбалот иако има два одлични терени, па дури од Општинскиот сојуз на Валандово и член во Управниот одбор на ФФМ и тројца членови во Собранието на ФФМ.

Leave a Reply