ЈЛБ ,,Илинден” ги награди првенците на генерацијата од основното образование

Традиционално и оваа година, ЈЛБ „Илинден“ -Делчево, подари книга на првенците на генерација од основното образование.

Полуматурантките Елена Алексовска од ООУ „Св.Климент Охридски“ и Милита Стоименова од ООУ „Ванчо Прке“ денес беа наши гости.Скромни, умни, паметни и одговорни, тие своето образование ќе го продолжат во нашата гимназија.

Им посакуваме многу успеси во иднина, нека бидат и понатаму гордост за нивните родители, училиштето и градот.
Девојки среќно!❤️❤️, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*