Здружението на пензионери од Македонска Каменица ќе учествува на Меѓународниот фестивал ,,Трето доба” кој се одржува во Љубљана, Р.Словенија.
Одлуката каменичките пензионери да учествуваат на овој реномиран настан ја соопшти претседателката на здружението Јаворка Соколовска, откако во текот на вчерашниот ден претседателката на организациониот одбор на извршен одбор Станка Трајкова на претседателката Соколовска и ја врачи одлуката за учество на фестивалот ,,Трето доба”.
-Голема чест и задоволство е што СЗПМ ни на довери оваа значајна и одговорна задача да бидеме дел од Меѓународниот фестивал. Ние затоа ќе се потрудиме да ја оправдаме довербата и достојно да ја претставиме нашата убава Македонија. Изразуваме голема благодарност до СЗПМ, а на пензионерите честитки за вложениот труд и постигнатиот успех, истакна Соколовска во својата објава на фејсбук по повод учеството на фестивалот во Љубљана.

Leave a Reply