Во Берово пристигна противпожарната опрема од Швајцарија која е наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица од Берово. Донацијата како што се вели во објавата на градоначалникот звонко Пекевски, ќе биде дополнителна опрема во борбата со справување со пожарите.
-Донацијата која се состои од противпожарна скала пристигна во Берово и веќе е на располагање за користење на пожарникарите од ТППЕ Берово. Преку донација од Швајцарската противпожарна и спасувачка служба Јужен Фрибург (Chatel-Saint-Denis) се унапредува системот за противпожарна заштита во Берово, истакна Пекевски .
Со новата противпожарна опрема очекува да се подобри безбедноста на граѓаните при несакани појави.

-Истата е од исклучителна важност, не само за опременоста на беровската територијална противпожарна единица, туку и за безбедноста на граѓаните во урбаните и руралните подрачја во Берово, додаде тој.
Градоначалникот на Берово упати голема благодарност до сите кои се вклучија за успешна реализација на оваа донација, потенцирајки дека истата ќе помогне во ефикасната противпожарна заштита, за зачувувањето на природните ресурси.


Leave a Reply