Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски заедно со делегација од Општина Берово е во Буџа-Турција, каде што присуствуваатна 12-тиот Меѓународен балкански фестивал.
-Впечатоци за фестивалот во Буџа се прекрасни, низ песна и игра, успеваат да ни ја доловат нивната традиција и различни култури и специфичности. Во моето обраќање пред присутните, истакнав дека преку културата се запознаваме како народи и создаваме трајни врски, кои ќе ги негуваат и идните генерации, истакна Пекевски.
Изрази надеж дека соработката со Буџа, во иднина ќе се продлабочува и ќе резултира со реализација на заеднички проекти и размена на искуства и идеи.





Leave a Reply