Со пресврт и победа против Карбинци, фудбалерите на Брегалница Делчево се искачија на трето место на табелата

Со пресврт до победа, бодовите остануваат во Делчево. Крајно возбудлив и динамичен натпревар одиграа Брегалница Делчево 1926 и Карбинци, каде на крајот нашиот тим забележа победа од 2:1, иако на полувремето имавме негатива од еден гол.

По бледата игра во првото полувреме, фудбалерите на Брега, кои имаа одлична поддршка од трибините, дојдоа до цел плен од средбата и продолжување на серијата без пораз.

Дарко Пешовски од пенал и Александар Илиев беа стрелци на головите за победа на нашиот тим.

Со новата победа, Брегалница Делчево 1926 се искачи на 3-то место на табелата во Трета лига – Исток, со што продолжува борбата за самиот врв.

Следната недела делчевци гостуваат во Свети Николе, каде ќе играме против тимот на Овче Поле.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*