Втора форумска сесија од Буџетскиот форум в петок во Делчево

Општина Делчево има чест и задоволство да Ве покани на втората форумска сесија која ќе се одржи на 06.12.2024 (петок) во мултифункционлниот центар во спомен дом АСНОМ, Делчево со почеток во 12.00 часот.

Видео од првата форумска сесија:

Преку буџетскиот форум жителите на општина Делчево на форумските сесии ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Делчево за тековната 2024, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2025 година.

Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината.

Целта на алатката „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа можност претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Присуството на жителите, здруженијата на граѓани, бизнис зедницата и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Далчево. Го очекуваме Вашето присуство.

 Со почит.

Дневен ред за втората форумска сесија од буџетски форум 06.12.2024, Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*