Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“, денеска во Делчево се одржа вториот дел од манифестацијата Вапцарови Бранувања. Во рамки на настанот кој е поделена во три дела, беше одржана промоција на поетската книга „Ризница“ од авторката Мира Георгиевска.
Малите градови како Делчево и Крива Паланка, се градови со прекрасна традиција, а како резултат на тоа произлегла и песната за нејзиниот роден град што била иницијална каписла да го напише делото.
-Книгата ја нареков Ризница затоа што претставува сето она што е нашето духовно културно и богатство, кое го носиме низ светот. За збогатување на оваа Ризница собирам стари народни песни умотворби и обичаи од село Градец, како место со милениумска традиција кое за жал е иселено, а токму тоа е причината наскоро сето тоа наскоро да го ставам на лист хартија и да го обелоденам пред пошироката јавност, истакна Георгиевска заблагодарувајки се на установата за поканата, како и до сатиричарот Миле Ѓорѓијоски и поетесата Христина Деолска, кои ја водеа промоцијата.

Во рамки на манифестацијата Вапцарови Бранувања со музички парчиња на гитара настапија ученици инструменталисти од Делчево, а извадоци од делото на авторката читаа млади вљубеници во поезијата од Делчево
Вапцаровите бранувања како што додаде Љупчо Петровски, директор на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ се организираат 16-та година по ред.
-Идејата како Центар за култура е да ги собереме и обединиме сите теленти и млади и возрасни во нивната љубов за творење во чест на нашиот патрон. Во првиот дел од оваа манофестација го посетивме родното место на Никола Јонков Вапцаров, а третиот дел е литературен конкурс за кој ние денес ги одредивме најдобрите творби кои и во текот на наредната недела ќе бидат прочитани во рамки на Вапцаровиот караван, додаде Петровски.
Манифестацијата „Вапцарови бранувања“ се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.


Leave a Reply