Во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ и училишните библиотеки на двете основни училишта во градот, денес одржан натпреварот по рецитација. На натпреварот учествуваа 9 ученици од осмо и деветто одделение од ООУ „Св.Климент Охридски“и ООУ„Ванчо Прке“.
-Изборот го правеше наставникот по македонски јазик, по еден ученик од одделение. Сите ученици убаво ја рецитираа песната „Цветови“ на Славко Јаневски“ и сите од библиотеката добија благодарница, информираше директорката на библиотеката Билјана Петровска.
Габриела Димитровска, библиотекар во ООУ „Ванчо Прке“, Валентина Даневска,библиотекар во ООУ „Св.Климент Охридски“ и Биљана Петровска, директор на ЈЛБ „Илинден“ во изворот за три најдобри рецитатори го одлучија следното:
-Прво место: Клаудија Иванова, ментор Билјана Стоиловска
-Второ место: Бојана Стојковска Божиновска, ментор Билјана Стоиловска
-Трето место: Тијана Николовска, ментор Веска Спасевска
Честитки до сите ученици , сите беа добри рецитатори. Благодарност до двете основни училишта, наставниците по македонски јазик и до учениците кои беа дел од овој натпревар.
Натпреварот по рецитација се одржува втора година по ред, се надеваме дека ќе прерасне во традиција. Со тоа сакаме да ги поттикнеме и мотивираме учениците да ја сакаат поезијата, да сакаат да читаа поезија и да сакаат да рецитираат, истакна Петровска.

Leave a Reply