Пристигнаа првите гости, вечерва започнуваат 30-тите ,,Голачки фолклорни средби”

Голачки фолклорни средби 2025 – Јубилејни 30 години традиција во Делчево

Со свеченост достојна за значајниот јубилеј, Голачките фолклорни средби 2025 ќе се одржат на 7 и 8 август на летната сцена при Спомен Домот АСНОМ во Делчево, по повод 30 години од нивното основање.

Во организација на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, оваа година манифестацијата добива особено значење како чувар на нематеријалното културно наследство и како една од најпрепознатливите фолклорни средби во источниот регион.

📅 Програма на настанот:
Четврток, 7 август:

🕢 19:30 – Свечено дефиле низ централното градско подрачје

🕗 20:00 – Целовечерен концерт со учество на:

Фолклорната група при НУ ЦК „Никола Ј. Вапцаров“ – Делчево

КУД „Радоје Домановиќ“ – Рача, Србија

БКУД „Бехар“ – Маоча, Босна и Херцеговина

ВПГ „Грамостењ“ – Скопје

ЖПГ „Ѓурѓа“

Петок, 8 август:

🕢 19:30 – Свечено дефиле

🕗 20:00 – Настапи на фолклорни ансамбли од Македонија и странство

Организаторите ги повикуваат сите љубители на традицијата, фолклорот и македонското културно наследство да присуствуваат и да бидат дел од ова значајно издание на фестивалот.

👉 „Традицијата не згаснува – таа продолжува со вас!“ – порачуваат организаторите.

Утрово веќе пристигнаа и првите гости кои ќе настапат на фестивалот:

-Со огромна радост ве известуваме дека нашите пријатели од Kulturni centar “Radoje Domanović”– Рача, Србија пристигнаа во Делчево по повод јубилејното издание на Голачките фолклорни средби 2025.
Им посакуваме топло добредојде и пријатен престој во нашиот град!Да ја славиме заедно фолклорната традиција, пријателството и културната размена! 🇲🇰🤝🇷🇸, се вели во објавата на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” Делчево.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура на и Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*