Со свечена и забавна проекција ќе биде одбележан почетокот на новата учебна година. Настанот е наменет за сите ученици, а посебно топло добредојде ќе им биде упатено на првачињата кои ја започнуваат својата прва школска авантура.
По тој повод, секој ученик ќе добие подарок – молив, пенкало и гумичка, како симболичен поттик за успешен старт на училиштето.
📅 Настанот ќе се одржи во понеделник, 1 септември 2025 година, со почеток во 18:00 часот. Влезницата изнесува 100 денари.
Покрај програмата за најмладите, во подготовка е и специјална проекција на филмот „Изолација“, во кој главната улога ја толкува познатиот актер Милош Биковиќ.

Leave a Reply