Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против градоначалник на општина, поради сомнение дека при вработување на административен службеник ја злоупотребил службената положба и овластувањата. Според пријавата, градоначалникот Г.Т (53) наводно овозможил незаконски избор на кандидат, со што биле повредени законските прописи и ограничени можностите за рамноправно учество на други заинтересирани лица во постапката.
Во образложението на пријавата се наведува дека со таквото постапување градоначалникот ја пречекорил својата надлежност и донел решение кое не било во согласност со важечките правила за вработување на административни службеници: ЛИНК ОД ОБЈАВАТА НА МВР
Градоначалникот Трајковски, пак, во реакција нагласува дека постапил целосно согласно Законот за административни службеници и дека нема никаква злоупотреба на службената положба.
Тој објаснува дека целата постапка за селекција ја спроведува Агенцијата за администрација преку формирана комисија, која ги проверува документите, спроведува испит, интервју и административна селекција. По завршувањето на постапката, комисијата составува предлог-листа на кандидати, а градоначалникот е законски обврзан да го избере прворангираниот.
„Во конкретниот случај, прворангиран и единствен кандидат бил избраното лице, за кое е донесена одлука за избор и решение за вработување по јавниот оглас. Градоначалникот нема законска обврска да врши увид и проверка на документацијата, бидејќи тоа е во надлежност на комисијата на Агенцијата за администрација. Постапено е исклучиво согласно законот и нема никаква злоупотреба“, се наведува во неговиот одговор.
Одговорот на Трајковски на следниот ЛИНК

Leave a Reply