Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево продолжува со својата културна мисија преку поддршка и промоција на талентирани сограѓани, кои создаваат значајни уметнички дела, но сè уште не се доволно афирмирани пред пошироката јавност.
Во просториите на библиотеката од денеска е поставена изложба на резби од нашиот сограѓанин Стоил Петровски. Станува збор за уникатни, рачно изработени дела, кои сите посетители и читатели ќе имаат можност да ги погледнат.
Петровски повеќе години се занимава со резбарство и зад себе има бројни уметнички изработки, иако неговото творештво досега не било доволно познато во јавноста. Во моментов тој работи на изработка на иконостас за манастирот во селото Ѕвегор.
„Му благодариме од срце што, и покрај неговите бројни обврски, најде време да донесе дел од своите резби во библиотеката и се согласи токму тој да биде нашиот сограѓанин чиј талент ќе го промовираме преку оваа изложба,“ велат од ЈЛБ „Илинден“.
Резбите можат да се разгледаат секој работен ден во период од 7:30 до 18:00 часот.
Од библиотеката најавуваат дека и во иднина ќе продолжат да ја спроведуваат својата мисија – да ги поддржуваат и афирмираат сите талентирани сограѓани кои создаваат вредни дела достојни за пошироката јавност.
Повеќе за работата на Петровски може да дознаете на следниот линк:

Leave a Reply