Мажите кои читаат – инспирација и сила од библиотеката „Илинден“-Делчево

Во време кога читањето често се поврзува со жените и децата, ЈЛБ „Илинден“-Делчево со особена гордост ја истакнува улогата на мажите кои ја негуваат љубовта кон книгата. Тие се пример дека пишаниот збор е сила што инспирира, образува и гради карактер.

Со својата посветеност тие ја рушат предрасудата дека читањето е „за други“ и покажуваат дека вистинската моќ е во знаењето.

По тој повод, библиотеката и овој септември ја објави топ 5 листата на читатели – мажи, која изгледа вака:

  1. Хрстијан Петровски
  2. Благојчо Грлнски
  3. Лука Постоловски
  4. Андреј Ристевски
  5. Даме Ивановски

Сите тие добија подарок книга, како знак на признание за нивната љубов кон литературата и редовното членство во библиотеката.

„Мажите кои читаат се мажи кои водат, знаат и инспирираат,“ велат од библиотеката, упатувајќи честитки и благодарност кон сите читатели кои ја чуваат магијата на книгата жива.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*