Во М.Каменица одбележан Меѓународниот ден на стари лица

Здружението на пензионери од Македонска Каменица успешно реализира хуманитарна акција за бесплатно детално испитување на крвна слика, по повод 1-ви октомври – Меѓународниот ден на старите лица.

Акцијата беше организирана во соработка со ПЗУ „Акус Медика“, а медицинскиот тим од биохемиската лабораторија несебично ја обезбеди стручната поддршка.

Од Здружението на пензионери изразија благодарност за соработката и нагласија дека ваквите активности се од особено значење за здравјето и благосостојбата на постарите лица.

Со вакви иницијативи, се поттикнува свесноста за редовни здравствени контроли и се зајакнува грижата за пензионерите во заедницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*