Делчево: Завршена реконструкцијата на улицата „Генерал Темпо“

Општина Делчево ја заврши реконструкцијата на улицата „Генерал Темпо“ во должина од 170 метри, која е една од улиците во која претежно живее ромско население.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека со проектот се обезбедени подобри услови за живеење и побезбедно движење за сите жители на овој дел од градот.

„Претходно на оваа улица изградивме целосно нова водоводна инсталација, со што ги решивме долгогодишните проблеми со водоснабдувањето. Со завршувањето на градежните активности и новиот асфалт, улицата доби современ, уреден и функционален изглед. Продолжуваме посветено да инвестираме во инфраструктурата на сите делови од Делчево, затоа што секој наш сограѓанин заслужува достоинствени услови за живот, без разлика во кој дел од градот живее. Нашата цел е една – рамномерен развој на сите населби и заеднички напредок на Делчево,“ изјави Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*