Петар Ружински ја презеде градоначалничката функција во Општина Берово

Берово, 27 октомври 2025 – Денеска во просториите на Општина Берово се одржа официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Звонко Пекевски и новоизбраниот градоначалник Петар Ружински.

Во достоинствена и топла атмосфера, двајцата градоначалници го истакнаа значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните. Со потпишување на записниците за примопредавање, Ружински официјално ја презеде одговорноста за раководење со општината.

Пекевски му посака успешна работа на својот наследник и изрази благодарност за соработката со граѓаните и општинската администрација во изминатиот период.

Новиот градоначалник Петар Ружински, во своето обраќање, им се заблагодари на сограѓаните за довербата и нагласи дека со посветеност и транспарентност ќе ја води Општина Берово во наредните четири години.

„Овој чин не е само промена на функцијата, туку продолжување на визијата за подобра и посовремена иднина за сите жители на нашата општина,“ рече Ружински.

По примопредавањето, новиот градоначалник оствари кратка средба со вработените во општината, при што изрази благодарност за нивната досегашна работа и очекување за успешна соработка во периодот што следи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*