Во читалната на библиотеката денеска беа доделени наградите од литературниот конкурс „Со зборови го градиме светот“, со кој симболично беше заокружен месецот на книгата – октомври.
На конкурсот учествуваа ученици од двете основни училишта во градот, кои преку своите творби ја изразија љубовта кон книгата, читањето и пишувањето.
Комисијата за избор ги донесе следните одлуки:
Во категоријата проза:
- Прво место: Сара Димитровска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска
- Второ место: Сандра Николовска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Василка Ивановска
- Трето место: Теодора Митевска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Маријана Стоименовска, и Максим Стефановски, ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Весна Иванова
Во категоријата поезија:
- Прво место: Бојана Мирчевска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска
- Второ место: Максим Стефановски, ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Весна Иванова
- Трето место: Ева Калаџиска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска, и Ангела Мавродиева, ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Валентина Даневска
Настанот помина во пријатна и инспиративна атмосфера исполнета со љубов кон пишаниот збор.
Организаторите упатија честитки до сите ученици и ментори, како и благодарност до двете основни училишта, наставниците по македонски јазик и училишните библиотеки, со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.
„Октомври – месецот на книгата е време кога се потсетуваме дека секоја прочитана страница е чекор поблиску до мудроста. Книгата не е само хартија – таа е пријател, учител и утеха. Во свет со екрани, книгата останува најубавиот прозорец кон светот,“ истакнаа организаторите.

Leave a Reply