Градоначалничката Соња Стаменкова присуствуваше на народниот црковен собир во селото Саса, посветен на Св. Архангел Михаил

Соња Стаменкова, градоначалник на М.Каменица денеска присуствуваше на народниот црковен собир во селото Саса, посветен на Св. Архангел Михаил. Настанот се одржа во духот на традицијата и верското заедништво, со голем број верници и жители кои дојдоа да го одбележат празникот.

Стаменкова истакна дека црковниот собир бил исполнет со духовност, заедништво и можност за дружење со сограѓаните, како и за оддавање почит на богатото културно и духовно наследство што ја обединува заедницата. Таа упати благодарност за топлиот пречек и убавата атмосфера што ја пречекала во Саса.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*