
Градоначалникот на Општина Берово Петар Ружински денес ја информираше јавноста дека општината ја реализирала исплатата на повеќе категории финансиска поддршка, насочена кон учениците, студентите, младите лица, семејствата со новороденчиња и лицата со попреченост, нагласувајќи дека овие средства се важен дел од локалната политика за подобрување на условите за живот и создавање еднакви можности во заедницата
Ружински посочи дека општината исплатила 30.000 денари за првенец на генерација, 49.000 денари за новороденче, 40.000 денари за млади лица за полагање возачки испит Б категорија, 20.000 денари за лица со попреченост, 66.000 денари за студенти, истакнувајќи дека секоја од овие мерки има своја специфична улога во поддршката на граѓаните и во создавањето подобра перспектива за младите и ранливите категории
„Со овие средства даваме јасен сигнал дека вложуваме во иднината на нашите млади, во поддршката на семејствата и во создавање услови за подостоинствен живот на сите граѓани“ рече Ружински, додавајќи дека општината ќе продолжи со континуирани активности насочени кон развој, рамноправност и одржлив напредок
Тој нагласи дека ваквите програми ја зајакнуваат заедницата, создаваат поголема инклузивност и покажуваат дека локалната самоуправа останува силно посветена на своите граѓани, истакнувајќи дека Берово ќе продолжи да гради средина во која секој има поддршка и можност за развој

Leave a Reply