Младите од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ активно против врсничкото насилство

Во рамки на превентивните активности на организацијата „Жена“, учениците од СОУ „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево реализираа едукативна иницијатива на класните часови, посветена на темата врсничко насилство.

Преку отворени разговори и интеракција со своите соученици, младите отворија значајни прашања поврзани со препознавањето на различните форми на булинг, последиците што врсничкото насилство ги остава врз поединецот, како и важноста на солидарноста, емпатијата и меѓусебната поддршка.

Во рамки на активноста беше извршена и дистрибуција на информативни флаери, со што дополнително се подигна свеста кај учениците за значењето на навременото реагирање и пријавување на секоја форма на насилство.

Од организацијата „Жена“ посочуваат дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во создавањето побезбедна и поддржувачка училишна средина, во која младите се охрабрени да бидат активни носители на позитивни промени и да застанат против врсничкото насилство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*