
Во Домот на културата денеска се одржа креативна работилница по повод претстојните празници Св. Трифун и Св. Валентин, на која учествуваа граѓани од различни возрасти, обединети околу уметноста, традицијата и заедничкото дружење.
Дел од присутните се изразија преку цртање и изработка на креативни форми од хартија, додека други ги оживеаја старите занаети, практикувајќи техники на филцање волна, плетење и шиење со една и две игли. Работилницата беше можност за размена на искуства, вештини и идеи, но и за потсетување на вредноста на традиционалните ракотворби.
Целта на настанот беше поттикнување на дружењето и соработката, како и покажување на знаењата и умеењата на учесниците, со пораката дека учењето е процес што трае целиот живот.
Организаторите упатија благодарност до сите кои одвоија време и активно се вклучија во работилницата, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе продолжат да учествуваат во бројните културни и креативни активности што се организираат во Домот на културата.


Leave a Reply