
Делчево – Општина Делчево ја информира јавноста дека, во рамки на своите законски надлежности, е започната постапка за отстранување на бесправно изградени објекти на територијата на општината.
За таа намена, како што информираат од Општината, веќе е спроведена јавна набавка преку Бирото за јавни набавки за избор на економски оператор кој ќе ја спроведува постапката за отстранување на објектите.
Од Општина Делчево апелираат до сите физички и правни лица кои поседуваат бесправно изградени објекти доброволно да пристапат кон нивно отстранување, на сопствен трошок. Во спротивно, надлежните општински и инспекциски служби ќе постапат со присилно отстранување, во согласност со Законот за градење и Законот за инспекциски надзор.
Трошоците за присилното отстранување ќе бидат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на бесправно изградените објекти. Од Општината посочуваат дека целта на оваа мерка е воспоставување законитост, уредување на просторот и заштита на јавниот интерес.


Leave a Reply