Ново детско игралиште и уредување на дворот во градинката во Расадник

Во новата детска градинка во населбата Расадник заврши изградбата на ново детско игралиште, опремено со повеќе содржини и безбедна подлога, наменето за најмладите, информира Иван Гоцевски.

Како што посочи Гоцевски, паралелно со оваа активност, согласно проектот, во тек е и изградба на дворна ограда во должина од околу 200 метри, како и уредување на просторот со летниковец, пешачки патеки, клупи и канти за отпад.

„Се работи квалитетно и со засилена динамика, со цел да се обезбедат подобри услови за престој и игра на децата, како и поголема безбедност и функционалност на просторот“, изјави Гоцевски.

Работите ги изведува фирмата „ПАНЕЛ-М“ од Тетово, а вкупната вредност на договорот изнесува 6,7 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност.

Според надлежните, инвестицијата е дел од заложбите за унапредување на инфраструктурата и грижата за најмладите, како вложување во иднината на заедницата.

Во новата детска градинка во населба Расадник заврши изградбата на ново детско игралиште со повеќе содржини и безбедна…

Posted by Иван Гоцевски-Градоначалник на Општина Делчево on Понеделник, 23 февруари 2026

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*