
Со почит кон традицијата и со силна порака за заштита на животната средина, денеска во Македонска Каменица беше одбележан празникот Св. Харалампиј, заштитникот на пчелите и пчеларите.
На настанот, организиран од Здружението на пчелари „Еко Кам Мед“, присуствуваше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која ја истакна важноста на пчеларството и грижата за природата како заедничка општествена одговорност.
По одржаната света литургија, учесниците заеднички засадија дрвца во близина на Рудник Саса, како симболичен, но значаен чекор кон раззеленување и обновување на просторот.
„Пчеларите се тивки херои на природата. Нивниот труд не значи само производство на мед, туку и одржување на еко-системот и животот околу нас. Општината секогаш ќе стои зад нив“, истакна Стаменкова.
Одбележувањето заврши со порака дека зачувувањето на природата и поддршката на традиционалните дејности, како пчеларството, се клучни за одржлив локален развој.
🍯🌿 Со почит кон традицијата и со грижа за природата го одбележавме Св. Харалампиј во Македонска Каменица 🌿🍯 Денес имав…
Posted by Соња Стаменкова градоначалник на Општина Македонска Каменица on Понеделник, 23 февруари 2026

Leave a Reply