Стаменкова: Засилени активности за подобра хигиена на улиците во Македонска Каменица

Градоначалничката на Македонска Каменица, Сонја Стаменкова, информираше дека продолжуваат засилените активности за одржување на хигиената и уредувањето на градот.

Во рамки на акцијата, ЈП „Камена Река“ во соработка со Територијалната противпожарна единица спроведува перење на градските улици, а денеска темелно е измиена улицата „Каменичка“.

Според Стаменкова, целта на активностите е создавање почиста и поуредена урбана средина, како и подигнување на јавната свест за заедничката одговорност во одржувањето на хигиената.

Таа упати апел до граѓаните активно да се вклучат и да придонесат за зачувување на уредниот и достоинствен изглед на градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*